Once upon a time in America

Во Америка, некаде околу триесетите

Фотографиите што ги гледате подолу се вистински. Многу од нив се историски, од раните триесети години на минатиот век, од авторот Charles Clyde Ebbets.

Поголемиот дел од нив го прикажува секојдневието на работниците кои работеле на изградбата на облакодери во периодот од 1920 до 1935 година.
Како што се гледа, заштитата на работното место била, најблаго речено чудна, а фотографиите тоа верно го доловуваат.

Насловот на првата фотографија е „Ручек на врвот на облакодерот„. Автор е  Charles C. Ebbets, еден од најдобрите светски фотографи.

Доручек на врвот на облакодерот

Фотографијата е направена во Њујорк, на 29 септември 1932 година, а објавена е во неделниот додаток на 2 октомври истата година. Авторот сликите ги направил на 69 спрат од вкупно 70-те спратови колку што имала зградата на Рокфелеровиот Центар.

Ова е Charles Ebbets, кој ги направил поголемиот дел на фотографии

…oваа – „Лежење на греда„ од 1932 година, како и други легендарни фотографии.

Многу од овие фотографии се дел од оставината на Ото Бетмен од 1936 година. Тоа е колекција од 11 милиони фотографии и во неа се содржани некои од најдобрите фотографии на САД.

Денес таа припаѓа на компанијата CORBIS, која е во сопственост на Бил Гејтс.

Музика: Деборината Тема од Енио Мориконе, од филмот „Беше еднаш во Америка„, на режисерот Серџо Леоне.

Techorati Tags: 

Published in:  on January 17, 2009 at 9:30 pm Leave a Comment

The URI to TrackBack this entry is: http://leonova.wordpress.com/2009/01/17/once-upon-a-time-in-america/trackback/

RSS feed for comments on this post.

Leave a Comment