Приказната вели, дека некогаш одамна, живеел некој многу сиромашен човек. Тој имал син единец кого многу го сакал. Го научил да чита и да пишува. Во тоа време, ретки биле тие што знаеле да читаат и пишуваат.
Старецот, на денот кога умирал, го повикал синот и му дал две кутии – бела и црна, и му рекол:
За жал, немам ништо друго да ти оставам освен овие две кутии. Кога ќе ти биде многу тешко во животот, кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отвори ја белата кутија. А црната отвори ја тогаш кога ќе ти биде добро во животот.
Младото момче достојно го испратило татка си, го спакувал она малку што го поседувал и тргнал во белиот свет. Работел секакви работи, спиел под отворено небо, станал уморен и очаен. Го печело сонцето, го мрзнеле мразовите, го носеле водите. Рацете му огрубеле, лицето му се наполнило со брчки. Неможел повеќе да издржи. Решил да се убие. Легнал на земјата, ги склопил рацете да му се помоли на Бога, и тогаш под појасот, зашиени за пантолоните, ги осетил двете мали кутии што му ги дал татко му. Се потсетил на татковите зборови:
Кога ќе ти биде најтешко во животот и кога кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отвори ја белата кутија.
Ја отворил белата кутија. Во неа, на ливче, го препознал ракописот на татко му:
Ова ќе помине!

Ја разбрал пораката. Се стокмил, и тргнал накај најблискиот град. Таму, пред големите порти на градот, стоеле еден куп луѓе и не можеле да влезат внатре, бидејќи никој не знаел да прочита што пишува на вратата. Тој се доближил до портата, ја прочитал на глас пораката и поминал. Поминале и селаните. Неколку денови лутал по градот, барајќи работа, кога му пришол еден човек и му рекол:
На мојот газда му треба писар, селаните ми рекоа дека си знаел да читаш и да пишуваш.
Така добил работа како градски писар. Работел поштено и чесно, но многу напорно. Со тек на време станал познат и признат писар. Се стекнал со имот, се оженил со млада и убава девојка. Создал свое семејство, своите синови ги научил на пишуваат и да читаат. Бил среќен.
И тогаш се сетил на својот татко, и на двете кутии. Ја извадил црната кутија. Во неа, повторно ливче, со ракописот од татко му:

И ова ќе помине!
Jako lepa i poučna priča. Kako god nam u životu bilo, prođe svakako.